Утрински Весник
Свет

Австрија веќе нема да јa користи вакцината на „Астразенека“

Австрија веќе нема да јa користи вакцината на „Астразенека“

Австрија веќе нема да ја користи вакцината на „Астразенека“ во процесот на вакцинирање, најави министерот за здравство, Волфганг Микштајн.

Тој рече дека причина за тоа е проблемот со испораките што ги има шведско-британскиот фармацевтски концерн.

Микштајн рече дека за втората доза, за граѓаните кои ја примиле првата доза на „Астразенека“, има доволно вакцини од тој производител во магацините.

Тој најави дека во иднина Австрија ќе се потпре на својата кампања за вакцинирање само на mRNA вакцините на „Бионтек-Фајзер“ и „Модерна“, како и на векторската вакцина „Џонсон и Џонсон“.

И нарачаните количини за 2022 и 2023 година се состојат од 90 проценти од mRNA вакцини, додаде Микштајн.

Тој рече дека неговата одлука нема никаква врска со наводното послабо дејство на „Астразенека“, што, како што вели, не е случај, туку само со проблеми со испораката.

ЕУ не го продолжи договорот со „Астразенека“.

Можете да прочитате

Пентагон планира да испрати 1.500 војници во Минесота

Пет скијачи загинаа во лавини во Австрија

ЕУ денес на итен состанок по заканите од Трамп за нови царини