Утрински Весник
Македонија

Натепани три лица во својот дом во Илинден поради долг

26 годишно момче од Албанија паднало од балкон во Кичево

Три лица биле натепани во нивниот дом во населбата Илинден поради долг.

Нападот доцна синоќа го извршиле С.В.(21), П.Ѓ.(19), С.М.(26) и Н.П.(26).

Тие со употреба на сила влегле во домот на З.П.(52) во населбата Илинден, почнале да ја оштетуваат покуќнината и физички ги нападнале З.П., К.П. и Л.П.. Според пријавеното, З.П. во самоодбрана со остар предмет го повредил Н.П., кој бил пренесен во Комплексот клиники Мајка Тереза за укажување лекарска помош, a З.П., К.П. и Л.П. биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, соопшти МВР.

Како што стои во пријавата, причина за нападот е наводен долг на К.П. кон напаѓачите.

Пријавените лицата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можете да прочитате

НБРМ: Отворени шалтерите на „АЛТА банка” АД Битола во Битола, Тетово и Струмица – исплатата на средствата се одвива непречено

Мицкоски: Непристојно е да се навредуваат професори, Владата е пријател и поддржувач на студентите

Маж од Дебар со зел малолетничка да живее со него