Утрински Весник
Македонија

Поведена постапка против дилер на дрога​

Приведен дилер на дрога при претрес во радовишко

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка за 32-годишен скопјанец, за кој постои основано сомнение дека сторил кривично дело- неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори казниво по Кривичниот законик.

При извршен претрес на 14 мај 2021 година, службените лица во домот на осомничениот пронашле наркотична дрога – марихуана во количина од 497,6 грама и дигитална вага на која има утврдено присуство на кокаин и тетрахидроканабинол – психоактивна компонента што го содржи растението Канабис.

Во насока на непречено одвивање на кривичната постапка, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување на мерка притвор за осомничениот, информираат надлежните.

Можете да прочитате

Во Кичево уапсен осуденик баран со потерница

Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибиха

Нова акција на МВР: Од две лица од Струмица одземени скоро 600.000 во кеш