Утрински Весник
Спорт

Милан без мунуција со Каљари – го испушти „првиот воз“ за во ЛШ

Милан без мунуција со Каљари – го испушти „првиот воз“ за во ЛШ

Калчолигашот Милан пропушти одлична можност на едно коло пред крајот да ги реши дилемите околу патот кон Лигата на шампионите во идната сезона. „Росонерите“ одиграа 0-0 на „Сан Сиро“ против тимот на Каљари кој без големи амбиции дојде во Милано.

Избраниците на Стефано Пиоли беа без идеја во нападот, а гостите од Сардинија не успеаја да ги однесат сите три бода благодарение на неколкуте одлични интервенции на Донарума.

Ребиќ и Леао беа анемични во нападот на Милан, а Кастилјехо во вториот дел беше најголемата закана за противничкиот гол.

И со овој еден бод Милан изби на третата позиција на табелата со 76 поени, исто колку што има на четвртата позиција и Наполи, но „црвено-црните“ имаат подобар меѓусебен скор сезонава.

На петтата позиција останува Јувентус кој има 75 бода, но Милан и од „Старата дама“ има подобар меѓусебен скор.

> Милан без мунуција со Каљари – го испушти „првиот воз“ за во ЛШ <

Можете да прочитате

Пандев и Омерагиќ: Започнува новата ера во македонскиот фудбал

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ