Утрински Весник
Спорт

Бакси подобри од Мајами, не помогна сезонскиот рекорд на Нана

Бакси подобри од Мајами, не помогна сезонскиот рекорд на Нана

Екипата на Мајами загуби ноќеска на гостувањето кај Милвоки со 122-108 во НБА лигата.

Кај Бакси творци на победата беа Крис Мидлтон и Брин Форбс со по 21 поен, додека Дру Холидеј мечот го заврши со 20 поени и 10 асистенции.

Кај Хитс – Кендрик Нана оствари рекорд сезонава, со 31 поен.

Во останатите ноќешни НБА дуели Лејкерси со 122-115 ја средија Индијана, Бруклин беше подобар со 105-91 од Чикаго, Њујорк по продолженија го совлада тимот на Шарлот 118-109, Минесота на свој паркет загуби со 124-108 од Бостон, додека Феникс како гостин дојде до убедлив триумф против Сан Антонио 140-103.

> Бакси подобри од Мајами, не помогна сезонскиот рекорд на Нана <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина