Утрински Весник
Спорт

Ѓоковиќ преку Сонего до ново финале со Надал

Ѓоковиќ преку Сонего до ново финале со Надал

Новак Ѓоковиќ одигра уште еден маратонски меч на Мастерсот во Рим и закажа ново финале со Рафаел Надал. Откако попладнево, го победи Стефанос Циципас, во три сета, на ист начин славеше и во полу-финалето против младиот италијански тенисер, Лоренцо Сонего.

Ѓоковиќ по два часа и 45 минути игра го победи Сонего со 6/3, 6/7, 6/2. Долго ќе се прераскажува вториот сет од овој меч, кој траеше 92 минути и во кој Ѓоковиќ не реализираше две меч топки, а во тај-брејкот испушти предност од 3:0 и 4:2.

Ѓоковиќ, утре, во своето 11.финале во Рим ќе се бори за својата шестаа титулат. Противник ќе му биде Рафаел Надал кој со 6/4, 6/4 го победи Рејли Опелка. Шпанецот во своето 12.финале ќе се обиде да ја освои 10.титула во вечниот град.

> Ѓоковиќ преку Сонего до ново финале со Надал <

Можете да прочитате

Норис: Можам да добијам што сакам од Мекларен, но немам намера да го злоупотребувам моето влијание

Меси стави крај на репрезентативната кариера

Ѓоковиќ елиминиран во првото коло на Отвореното првенство на САД