Утрински Весник
Свет

(Видео) Демонстрации во Грција за поддршка на Палестина, со водени топови и солзавец полицијата ги растерува демонстрантите

(Видео) Демонстрации во Грција за поддршка на Палестина, со водени топови и солзавец полицијата ги растерува  демонстрантите

По демонстрациите во поголем број европски градови за поддршка на Палестинците, денеска демонстрации се одржаа и во Атина.

Агенциите во регионот пишуваат дека во Атина се одржаа протести за поддршка на Палестинците со извици „Слобода за Палестина“, а грчката полиција употребила солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите.

Демонстрантите во Атина, носејќи палестински знамиња, се упатија кон израелската амбасада, која беше опколена од полициските сили, пренесува Ројтерс.

Протестите во Атина се одржаа по слични такви демонстрации во бројни градови низ светот, предизвикани од интензивните вооружени конфликти меѓу Израел и палестинскиот Хамас.

Можете да прочитате

Украинската премиерка поднесе оставка – 24info.mk

Иран тврди дека Ормускиот теснец е затворен, САД демантираат

Велика Британија: Температурата во училниците повисока од 40 степени Целзиусови