Утрински Весник
Култура

Со отворање на изложбата „На Срем“ во Музејот на Македонија ќе се одбележи Меѓународниот ден на музеите

Со отворање на изложбата „На Срем“ во Музејот на Македонија ќе се одбележи Меѓународниот ден на музеите

Музејот на Република Северна Македонија ќе го одбележи Меѓународниот ден на музеите – 18 Мај, со отворањето на изложбата „На Срем“. На изложбата ќе бидат поставени над 120 фотографии, селектирани од богатата фото документација зачувана во Музејот. Низ слика и текст, изложбата го следи борбениот пат на македонските единици, офицери и борци, како и нивните премрежја на Сремскиот фронт и во завршните операции за ослободување на Југославија и за победа над фашизмот, во последните месеци од Втората светска војна. На тој начин, уште еднаш се навраќаме на овие настани и се потсетуваме на придонесот на нивните учесници во крајот на војната, како значаен македонски придонес во заедничката ослободителна и антифашистичка борба, се посочува од Музејот на Македонија.

Автор на изложбата и на текстот за каталогот е м-р Здравко Стојкоски, кустос – историчар во Музејот. Изложбата ќе може да се посети во периодот од 18 мај 2021 година во 12:00 часот, до 31 август 2021 година, секако, со придржување кон протоколите воспоставени поради пандемијата со Ковид-19, велат од таму.

Реализацијата на оваа изложба соодветствува и со темата на овогодинешното одбележување на Меѓународниот ден на музеите „Иднината на музеите – Опоравување и презамислување“. Кризата настаната со пандемијата ги поттикна музеите да изнаоѓаат нови форми на културни искуства, со значаен фокус на дигитаилзацијата и на промоцијата на музејските содржини на социјалните мрежи. Во таа насока е и реализирањето на оваа изложба. Имено, на 9 мај 2021 година, изложбата „На Срем“ беше поставена во дигитален формат, на новата електронска платформа на Музејот – www.izlozba.mk.

Текстот Со отворање на изложбата „На Срем“ во Музејот на Македонија ќе се одбележи Меѓународниот ден на музеите е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“