Утрински Весник
Македонија

Пристигнаа 100.000 кинески вакцини, на кутиите порака: „Пријателот во неволја е поблизок од брат“

Пристигнаа 100.000 кинески вакцини, на кутиите порака: „Пријателот во неволја е поблизок од брат“

Солидарноста и помошта тогаш кога е најпотребна, ја враќаат вербата во човештвото, напиша на социјалните мрежи министерот за здравство, Венко Филипче откако во поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје денеска пристигна донација од уште 100.000 вакцини од „Синофарм“ од Кина.

На кутиите од донацијата пишува „Пријателот во неволја е поблизок од брат“, а според Филипче, овој акт го потвдува токму тоа.

„Пристигна значајна количина на вакцини која Кина ја донира на нашата земја. 100.000 е бројка која за земја со број на население како нашето може значајно да ја смени сликата на пандемијата“, нагласува министерот.

Тој во објавата повторно порача дека вакцината е единственото оружје кое го имаме за целосно да се смени сликата за пандемијата, не само кај нас, туку насекаде во светот.

„Изразувам голема благодарност, со ова се потврдува партнерството и близината помеѓу двете земји, двата народa и искрено верувам дека соработката ќе продолжи и во иднина“, порача Филипче во објавата на „Фејсбук“.

Можете да прочитате

Мицкоски од Давос: Во наредните години за два ипол пат ќе порасне потреба од електрична енергија, Македонија нема да биде нем набљудувач на тие процеси

Труења кучиња во Неготино, загриженост изрази и градоначалничката

МВР го пронајде возачот кој леташе со 293 км/ч на автопатот Скопје–Гевгелија