Утрински Весник
Спорт

Де Бур го објави поширокиот список за ЕУРО 2020

Де Бур го објави поширокиот список за ЕУРО 2020

Селекторот на фудбалската репрезентација на Холандија, Франк Де Бур, го објави поширокиот список за ЕУРО 2020. Де Бур повика 34 фудбалери, а до 1.јуни тој ќе треба да го пријави конечниот список со 26 играчи.

Холандија на ЕУРО 2020 ќе оди без капитенот Вирџил Ван Дајк, кој не успеа да се рехабилитира од повредата на легантините. Де Бур не ги повика ветераните Рајан Бабел и Кевин Стротман.

На местото на Ван Дајк, повик доби 19-годишниот играч на Ајакс, Јуриен Тимбер, додека местот на Бабел, кој беше стандарден кај претходникот на Де Бур, Роналд Куман, ќе го заземе играчот на ПСВ Ајндховен, Коди Гакпо.

Подготовките за ЕУРО 2020, Холандија ќе ги започне на 24.мај. Пред почетокот на првенството Холандија ќе одигра два контролни натпревари со Шкотска на 2.јуни и Грузија на 6.јуни.

На ЕУРО 2020, Холандија ќе се натпреварува во Ц-групата, во која се наоѓа и Македонија. Дуелот на Холандија и Македонија е последен во групата на 21.јуни. Пред дуелот со Македонија, Холандја ќе игра против Украина (13.јуни) и Австрија (17.јуни).

> Де Бур го објави поширокиот список за ЕУРО 2020 <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина