Утрински Весник
Свет
Img 7972

Германски виролог предупредува на опасност од четврти бран на вирусот

Вакцинирани Германци можат да влезат во земјата без да одат во карантин
300x250 opst2

Германскиот виролог Хендрик Штрек очекува дека ситуацијата во врска со коронавирусот сигурно ќе се влоши наесен и дека е можен четврти бран.

Штрек предупредува дека и покрај намалувањето на бројот на заразени и натаму не може да се прогласи победа над пандемијата.

Во изјава за неделникот „Фокус“, тој посочува дека наесен би можел да уследи четвртиот пандемиски бран односно дека е неопходно рационално да се искористи времето кое пресотанува за да извлече максимум од структурите и процесите против ширењето на вирусот.

Тој верува дека летото, во однос на епидемиолошката состојба, ќе помине добро, но очекува ново зголемување на инфекцијата од септември.

Вирологот посочува дека клучот за решение е вакцинација на што поголем дел од популацијата.

„Имаме толку многу вакцини што веќе се поставува прашањето дали ќе донираме барем еден дел“, додаде Штрек.

Германскиот виролог исто така стравува дека вакцинираните лица можат да ги заразат оние кои се невакцинирани.

„Неодамна имавме случај на вакциниран лекар кој развил големо количество на вирусот во грлото и го заразил семејството. Можеби станува збор за индивидуален случај, но ваквата ситуација мора да се следи”, предупреди Штрек.

Можете да прочитате

Најмалку четворица загинати и 12 повредени во пукање за време на прослава во Мисисипи

Трамп се закани со царини од 100% за увоз од Кина

19 лица загинаа во експлозија на фабрика во САД