Утрински Весник
Свет

Израелски трупи на границата со Газа, се планира копнена инвазија

Израелски трупи на границата со Газа, се планира копнена инвазија

Продолжија судирите меѓу израелските и палестинските сили. Ракети летаат од двете страни. Израелската армија објави дека војниците нема да имаат слободен викенд поради можност за копнени операции во областа на појасот Газа, бидејќи конфликтите таму се интензивираат, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Војската повика 7.000 резервисти. Портпаролот на армијата Хидаи Зилберман изјави дека половина од нив се од противвоздушна одбрана, артилерија и медицински единици, а другата половина се на административни и разузнавачки позиции.

Покрај „Бритиш ервејс“, летовите кон Тел Авив ги откажаа и „Вирџин Атлантик“, „Луфтханза“ и „Иберија“ и со тоа им се придружија на американските авиокомпании кои претходно ги откажаа летовите кон Израел.

Организацијата Хамас објави дека истрелале ракети кон израелскиот аеродром „Рамон“, во близина на Црвеното Море.

Израелските власти пак соопштија дека ниедна ракета не го погодила аеродромот Рамон, кој работи нормално.

По ракетирањето на Тел Авив, сите пристигнувања на аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив беа пренасочени кон аеродромот „Рамон“ на југот на земјата.

Можете да прочитате

Почина Чарли Кирк, Трамп нареди знамињата на САД да се спуштат на половина јарбол

Маск повеќе не е најбогатиот човек на светот

Над 40 Палестинци убиени во израелските напади во Појасот Газа