Утрински Весник
Свет

Нетанјаху: Ова е само почеток!

Нетанјаху ја брани полициската агресија против Палестинците

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху потврди дека се ликвидирани неколку команданти на Хамас и се закани со досега невиден напад на таа милитантна организација.

„ Ова е само почеток! Ние ќе му нанесеме удари на Хамас за кои тие никогаш не сонувале“, рече израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Најновите предупредувања на израелскиот премиер следат откако Хамас призна дека неколку нивни врвни воени команданти биле убиени во израелските удари како одговор на масивниот ракетен напад врз Тел Авив и другите израелски градови во кој загинаа пет лица и 200 беа ранети.

Како одговор на нападот, 43 Палестинци беа убиени и 300 ранети.

Можете да прочитате

Калас за прелетот на руски дронови над Полска: Чин што ги загрозува безбедноста на ЕУ, стабилноста и меѓународниот мир 

Почина Чарли Кирк, Трамп нареди знамињата на САД да се спуштат на половина јарбол

Маск повеќе не е најбогатиот човек на светот