Утрински Весник
Спорт

Екскапитенот на Манчестер јунајтед, Валенсија замина во пензија

Екскапитенот на Манчестер јунајтед, Валенсија замина во пензија

Поранешниот капитен на Манчестер јунајтед, Антонио Валенсија потврди дека се повлекува од фудбалот по крајот на сезоната во Мексико, каде што играше за тимот на Керетаро минатата сезона.

35-годишниот Еквадорец пристигна во Јунајтед од Виган во 2009 година за 16 милиони фунти како прво засилување по заминувањето на Кристијано Роналдо во Реал Мадрид, и помина 10 години на „Олд Трафорд“, освојувајќи две титули од Премиер лигата, една од ФА купот и една од Лига Европа, пред да замине за ЛДУ Кито во 2019 година.

„Не мислев дека овој момент ќе дојде толку бргу, но моето тело побара да се повлечам од фудбалот. Никогаш нема да го заборавам тоа што го искусив на ‘Олд Трафорд’, секој гол, секој трофеј и неверојатните навивачи. До сите фанови на клубовите каде што играв, можам да кажам дека го дадов мојот максимум“, вели Валенсија, кој одигра 339 натпревари за Јунајтед и постигна 25 гола, а од 2018 година беше капитен.

> Екскапитенот на Манчестер јунајтед, Валенсија замина во пензија <

Можете да прочитате

Британскиот тенисер Енди Мареј ќе се врати на теренот на 18 мај во Женева

Реал Мадрид и Баерн Минхен ќе се пресметаат за вториот билет на „Вембли“

Панатинаикос му се приклучи на Реал на кошаркарскиот фајналфор