Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Топалов: Бугарите се обединети околу македонската кауза, не може лесно да се откажат од неа

Топалов: Бугарите се обединети околу македонската кауза, не може лесно да се откажат од неа
Img 7972

Над 86% од Бугарите се обединети околу идејата дека не можат да се откажат од историските корени и историскиот идентитет. Оваа идеја ја обединува скоро целата бугарска нација веќе 80 години, вели во интервју за бугарската БНТ, Кирил Топалов, член на Меѓусекторската комисија помеѓу Бугарија и Република Северна Македонија.

Тој истакнува дека во однос на надворешната политика, Бугарите се ориентирани во две насоки – едната претпочита европска ориентација на Бугарија, другата ја претпочита руската ориентација, а како што објаснува, единственото нешто што ги обединува е македонската кауза.

Според него, залудни се надежите на политичарите во Република Северна Македонија, македонската кауза да биде предадена поради актуелната политичка состојба во Бугарија.

„Никој не може да ја принуди Бугарија да и попушти на земја што не се распадна со тоталитарно-комунистичка државотворна енергија и форма на управување, која што се мачи и самата да изработи правила за да биде членка во ЕУ“, додаде Топалов.

Според него, Република Северна Македонија не ги исполнува своите обврски од договорот со соседната земја-членка.

„Треба да заборавиме дека сме браќа, братучеди и слично, на нив треба да гледаме како на соседна земја, кон која се однесуваме со симпатии, со доверба, но исто така и тие мора да ни возвратат на ист начин“, вели Топалов.

Можете да прочитате

Филипче: Никој во Кочани не може да оди со крената глава, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

Филипче од Виница: Македонија е претпоследна во Европа по минималната плата

Мицкоски: Едно од главните ветувања минатата кампања беше ДУИ во опозиција и ако продолжат вака нереформирани уште долго ќе останат таму