Утрински Весник
Свет

Нетанјаху: Ќе ги засилиме нападите врз Газа

Нетанјаху: Ќе ги засилиме нападите врз Газа
Dik 300x250 mk

По денешното нагло зголемување на бројот на прекугранични ракетни напади на Палестинците, израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, најави дека ќе ги засили нападите врз Појасот Газа каде што живеат Палестинци.

„Од вчера, војската изврши стотици напади врз Хамас и ‘Исламскиот џихад’ во Газа. Уште повеќе ќе ги интензивираме нападите“, рече Нетанјаху во видеопорака и се закани дека Хамас сега ќе добие удари какви што не очекува.

Тој зборуваше откако две жени беа убиени во директен ракетен напад на две куќи во израелскиот град Ашкелон.

„Нема да застанеме додека не се врати затишјето“, рече израелскиот министер за одбрана Бени Ганц.

Тој додаде дека безбедносните сили на Израел предизвикале и ќе предизвикаат сериозна штета на Хамас и „Исламскиот џихад“.

Можете да прочитате

Комбе со австриски и шпански новинари нападнато со дрон во источна Украина

Ердоган: Победата во Нагорно Карабах ќе доведе до траен мир со конструктивен став на лидерите

Путин го именува генерал Булига за заменик секретар на Советот за безбедност на Русија