Утрински Весник
Свет

Нетанјаху ја брани полициската агресија против Палестинците

Нетанјаху ја брани полициската агресија против Палестинците

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вели дека целосно ги поддржува акциите на израелските полициски сили врз палестинските верници во комплексот на џамијата „Ал-Акса“, пренесува „Мидл Ист монитор“.

Вчера наутро, израелските сили упаднаа во комплексот „Ал-Акса“ – третото најсвето место во исламот – и пукаа со шок-бомби, челични куршуми обложени со гума и солзавец кон палестинските верници.

Според палестинската Црвена полумесечина, во нападот биле повредени повеќе од 305 Палестинци. Ова беше продолжение на неколкудневните напади против палестинските верници, кои достигнаа кулуминација во петокот.

Во одбрана на акцијата на израелската полиција Нетанјаху рече:

„Ние ги поддржуваме во оваа правична борба иако меѓународните медиуми погрешно известуваат за овие настани игнорирајќи го правото. Вистината ќе надвладее, но ние мора да продолжиме да ја кажуваме. Израел нема да дозволи ниту еден радикален елемент да го наруши спокојот“, нагласи тој.

Можете да прочитате

„Лекари без граници“ повикуваат итно да се затвори Хуманитарната фондација за Газа

Фидан и Лавров разговараа за преговорите меѓу Русија и Украина

Моди нема да прави компромис со интересите на земјоделците поради царините на Трамп