Утрински Весник
Свет

Берлускони повторно во болница поради последици од Ковид-19

Берлускони повторно во болница поради последици од Ковид-19

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони денес заврши повторно во болница поради последици од Ковид-19, одвај десет дена откако беше пуштен од болницата.

Берлускони (84) синоќа бил примен во болницата Сан Рафаеле во Милано, потврдија извори од неговата партија Форца Италија.

Тој излезе од истата болница на 1 мај по три недели лекување, исто така санирајќи ги последиците од долгиот ковид од кој заболе уште во септември минатата година. Потоа се здоби со тешка инфекција на белите дробови предизвикана од новиот коронавирус.

Берлускони беше подложен на операција на срцето во 2016 година, и беше хоспитализиран неколку пати во последните месеци од различни причини, од несвестица до проблеми со срцева аритмија.

Можете да прочитате

Најмалку 84 загинати во денешните израелски напади во Газа

Турција изгради ѕид долг 204 километри на границата со Иран

Писториус: Руски авион прелета над германска фрегата во Балтикот