Утрински Весник
Свет

(Видео) Пукање на аеродром во Канада, има загинати

(Видео) Пукање на аеродром во Канада, има загинати

Едно лице загина во престрелка на главниот терминал на меѓународниот аеродром во Ванкувер, Канада, објавија локалните власти.

Твитер-профилот на аеродромот претходно соопшти дека раководството соработува со полицијата, а подоцна е додадено дека ситуацијата е ставена под контрола.

„Мажот беше убиен во неделата попладне во близина на терминалот за домашни летови“, објави полицискиот оддел за убиства.

Службениците за спроведување на законот не дадоа повеќе детали, но „Си-би-ес њуз“ наведува дека полицијата трага по еден или повеќе осомничени во врска со пукањето. Брзата помош на аеродромот реагираше и две единици беа испратени на местото на инцидентот.

Менаџментот на аеродромот подоцна објави дека објектот е отворен и безбеден за работниците и патниците, но препорача патниците сепак да проверат кај авиокомпаниите преку кои патуваат за статусот на нивниот лет.

„Нашите мисли се со оние кои беа нападнати по повод денешниот инцидент“, се наведува во соопштението на аеродромот.

Можете да прочитате

Убиен oсомничениот напаѓач на Берлинската парада на гордоста

Москва не ги коментира најавите за можен предлог од Вашингтон и Киев за крај на војната во Украина

Трамп ги паузира нападите врз Иран за да „даде простор“ за преговори