Еден од најдобрите тренери во Италија, Роберто Де Зерби, ја напушта Серија А. Тренерот на Сасуоло кариерата ќе ја продолжи во Украина.
Инсајдерот, Фабрицио Романо, објави дека Де Зерби, се договорил со сопственикот на Шахтјор, да го предводи тимот најмалку до јуни 2023 година.
42-годишниот тренер, во кариерата ги предводел Фоџа, Палермо и Беневенти. Тренер на Сасуоло е од 2018 година.
> Де Зерби ќе го предводи Шахтјор <