Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Десет млади уметници учествуваа на првиот „Графити Фест“ во Куманово

Десет млади уметници учествуваа на првиот „Графити Фест“ во Куманово
300x250 opst2

Во Куманово денеска се одржа првиот „Графити Фест“, на кој учествуваа десет млади уметници од Куманово, Скопје и Битола.

Настанот е во организација на Фондација за култура и спорт Куманово, а во соработка со жителите на комплексот згради К4 на “Октомвриска револуција”. Во рамките на уредување на овој дел од градот, беа засадени и садници од ЈП „Чистота и зеленило”-Куманово.

„ Имаме цел да го уредиме и да дадеме една нова слика на овој дел или поточно овој комплекс каде живеат голем број на наши сограѓани, а и да го претвориме во едно место каде што повеќе ќе се движат младите и ќе прават заеднички дружби. Се надевам дека на овој начин дополнително ќе ја разбиеме и онаа монотонија што владее во оваа корона криза”, изјави градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски.

Раководителот на секторот за култура, спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита, Цоки Ристевски вели дека за целокупната манифестација општината издвоила до 100 илјади денари, а во настанот се вклучени и неколку компании од општината.

Можете да прочитате

Атанасов: Гевгелија ќе биде град што дише со своите луѓе и работи за граѓаните

Лукароска: Прилепчани нема лесно да ја заборават четиригодишната агонија во режија на Јовчески и Проданоски

Филипче од Гевгелија: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе немаштија и безнадежност