Утрински Весник
Спорт

Нејмар го продолжи договорот со ПСЖ

Нејмар го продолжи договорот со ПСЖ

Најскапиот играч во историјата на фудбалот, Нејмар, го продолжи договорот со ПСЖ. Бразиелцот ќе остане во Париз до јуни 2025 година. Нејмар со новиот договор ќе заработува 30 милиони евра по сезона.

Нејмар, во 2017 година за 222 милиони евра од Барселона се пресели во ПСЖ. Медиумите шпекулираа дека во овој преоден рок Барселона ќе го врати на „Ноу Камп“, но сега е јасно дека таквото сценарио нема да се реализира.

Најмар, чии договор истекуваше наредното лето, реши да остане на „Паркот на принцовите“.

Со новиот договор, Нејмар се согласил да добива помала плата. Наместо досегашните 35 милиони евра, тој годишно ќе заработува пет милиони евра помалку.

> Нејмар го продолжи договорот со ПСЖ <

Можете да прочитате

На Меси му е дијагностициран со мускулен замор

Арсенал го освои пехарот, Ливерпул избори ЛШ, Вест Хем испадна

Голема победа за Охрид во првото финале од ЕХФ Европскиот куп