Утрински Весник
Македонија

Мицкоски на средба со Кундурос: Власта ја внесе Македонија во здравствена и економска катастрофа

Мицкоски на средба со Кундурос: Власта ја внесе Македонија во здравствена и економска катастрофа

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средба со грчкиот амбасадор во Македонија, Русос Кундурос.

На средбата се разговаралo за актуелните случувања во Македонија, како и членството на Македонија во Европската Унија, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски ги реафирмирал позициите за членство во ЕУ и истакнал дека Македонија е премногу долго надвор од европскиот пат.

Во однос на економската и здравствена состојба, Мицкоски посочи дека со оваа власт на земја и се случува катастрофа. Државата оди кон економски пропаст, граѓаните стануваат се посиромашни, а помошта која ја нуди власта е недоволна и не е соодветна на потребите и проблемите кои ги имаат граѓаните и бизнисите. Додаде дека бројните афери кои секојдневно излегуваат докажуваат дека власта е високо корумпирана и длабоко вмешана во криминал, е напишано во соопштението.

„Мицкоски потенцираше дека владата не успеа доволно и навреме да ги заштити граѓаните за време на пандемијата, и дека премногу се доцнеше со набавката на вакцини, а власта кога имаше можност да ги набави навреме, гледаше можност како да заработи од провизии, со што граѓаните останаа незаштитени, а нивните животи загрозени. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше и дека е потребно почитување на принципиелните ставови за идентитетските обележја и придобивки кои ги промовира и самата Европската Унија“, стои во писмениот допис.

Можете да прочитате

Вонредно прскање против комарци вечерва во Драчево поради западнонилската треска

Митева го објави новиот состав на Извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ

Task Force удри по нарко-криминалот: 241 приведен, 131 претрес и десетици килограми дрога