Утрински Весник
Македонија

Неексплодирана граната пронајдена во нива во Охридско

Неексплодирана граната пронајдена во нива во Охридско

Неексплодирана граната била пронајдена во нива во охридското село Лескоец.

Според информациите на МВР, вчера во 17 часот во полиција било пријавено дека во нива во охридското село Лескоец била пронајдена граната.

Од извршениот увид било констатирано дека се работи за неексплодирана артилериска граната калибар 55 милиметри, која потекнува од периодот на Првата светска војна.

Гранатата била безбедно подигната од стручно лице од Центарот за управување со кризи.

Можете да прочитате

Уапсен тетовец, ги нападнал неговите сопруга и ќерки

Кривична за полицаец од Битола, не дозволил да му биде наплатен паркинг на неговиот брат

Филипчебара референдум за ЕУ: Граѓаните да одлучат дали сакаат да ја платат цената заради Мицкоски