Утрински Весник
Свет
Img 7972

Принцот од Лихтенштајн под истрага, ја убил најголемата мечка во Романија

Принцот од Лихтенштајн под истрага, ја убил најголемата мечка во Романија
Img 7972

Романската група „Агент грин“ и австриската организација ВГТ во заедничкото соопштение наведоа дека принцот Емануел фон унд ку Лихтенштајн ја убил 17-годишната мечка Артур во заштитено подрачје на Карпатите за време на посетата на Романија во март.

Во соопштението се вели дека принцот, кој живее во Ригерсбург, Австрија, добил специјална дозвола од романското Министерство за животна средина да убие женска мечка, која правела штета во селските домаќинства, пренесува „Гардијан“.

Се додава дека принцот всушност не ја убил проблематичната мечка, туку мажјак кој со години го набљудувале ренџерите на организацијата и кој никогаш не им приоѓал на луѓето.

Агенцијата АП наведува дека имала увид во официјалните документи кои потврдуваат дека принцот Емануел имал четиридневна дозвола за лов во областа Ковасна и дека на 13 март „фатил“ 17-годишна кафеава мечка, за што наводно платил 7.000 евра.

Претседателот на „Агент грин“, Габриел Паун, изјави дека Артур е најголемата мечка забележана во Романија, а веројатно и најголема во Европската Унија.

„Не ми е јасно како можеше принцот да ја помеша женската мечка што доаѓа во селото со најголемиот маж кој живее во длабочините на шумата“, забележал Паун.

Според него јасно е дека принцот не дошол да го реши проблемот на локалното население, туку да ја убие мечката и да го однесе дома најголемиот трофеј за да го обеси на ѕидот.

Кафените мечки се заштитен вид според меѓународните и романските барања, а лов на трофеи е забранет во Романија од 2016 година.

Можете да прочитате

Синоптичарите алармираат: Европа пред најстудената зима во последните години

Трагедија: Мајка ја удавила својата двегодишна ќерка, па се јавила во полиција и лажела

Мерц: Путин води хибридна војна против Германија, сака да не заплаши и да ни всади страв