Утрински Весник
Свет

(Видео)Тепачка во џамија во Турција: Верниците ги прекршија корона мерките, полицијата реагираше со солзавец

(Видео)Тепачка во џамија во Турција: Верниците ги прекршија корона мерките, полицијата реагираше со солзавец

Во регионот Газиантеп во југоисточна Турција, во џамија настана тепачка во која учествуваа собраните верници и членови на Фондацијата „Фуркан“ од една страна, и припадници на полициските сили од друга страна, пренесуваат турските медиуми.

Со оглед на тоа што на сила е целосната блокада поради пандемијата со коронавирусот, што, меѓу другото, значи и забрана за собирање во затворени простории, членовите на организацијата „Фуркан“ изразија незадоволство од ваквата одлука на Ердоган и неговата партија.

Лидерите на организацијата истакнаа дека забраната за собирање во џамии подразбира лишување од верските права и слободи.

Во знак на протест, членовите на организацијата се собраа во една од џамиите во Газиантеп на молитва, а лидерите на движењето истакнаа дека сите собрани ќе го почитуваат растојанието и ќе носат маски во џамијата.

Сепак, многу брзо откако се собраа, полициските сили влегоа во џамијата и им наредија на верниците да се разотидат. Кога тие одбиле, се судриле со полицајците кои со солзавец ја растерале толпата. Според турските медиуми, полицајците кои користеле солзавец биле суспендирани.

„Ова не е Израел, ова е Турција. Оние кои им дозволуваат на луѓето да се собираат на стадионите, јавниот превоз и бизнисот и покрај епидемиолошките мерки, ги спречуваат верниците да се молат во џамиите“, велат од организацијата.

Фондацијата „Фуркан“е позната во Турција по бројните политички ексцеси, а по новиот инцидент, нивниот водач, рече дека ќе продолжи да инсистира на собири во џамиите.

Инаку заклучувањето во Турција започна на 29 април и ќе трае вкупно три недели. Како дел од новите епидемиолошки мерки, турските власти забранија собири на верници во џамиите.

Можете да прочитате

Трамп се разочарал по телефонскиот разговор со Путин

Хамас бара гаранции за прекин на војната

“Рајанер” го зголемува дозволениот бесплатен рачен багаж