Утрински Весник
Свет

(Видео)15 починати и 70 повредени откако се сруши надвозник на метро во Мексико Сити

(Видео)15 починати и 70 повредени откако се сруши надвозник на метро во Мексико Сити
Screenshot

Најмалку 15 лица загинаа, а 70 се повредени кога се сруши надвозник на метрото во Мексико Сити, соопштија локалните власти.

Pet Utrinski

Локалната телевизија покажа снимка на која се гледа како надвозникот паѓа врз автомобилите што се движат по улицата, пренесува Ројтерс.

Screenshot

На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа како медицински тимови и пожарникари трагаат по преживеани во несреќата.

Градоначалничката на Мексико Сити, Клаудија Шинбаум, на Твитер напиша дека во несреќата загинале 15 лица и дека еден автомобил е заробен под урнатините.

Несреќата се случила на метро линијата број 12, која била изградена додека сегашниот министер за надворешни работи, Марсело Ебрард беше градоначалник на Мексико Сити.

„Она што се случи денес е ужасна трагедија. Мојата солидарност со жртвите и нивните семејства “, напиша Ебрард на Твитер.

Тој посочи дека мора да се испитаат причините за несреќата и да се утврди одговорноста, како и дека им е на располагање на властите за да им помогнат.

Можете да прочитате

Путин наредил испраќање на два авиони, хеликоптер и 50 спасувачи во потрага на Раиси

Тројца спасувачи кои трагаа по хеликоптер на Раиси исчезнаа

Со дронови се бара хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси по тешко слетување