Утрински Весник
Свет

СЗО ја одобри вакцината на „Модерна“

СЗО ја одобри вакцината на „Модерна“

Светската здравствена организација (СЗО) ja одобри вакцинaта на „Модерна“ за итна употреба.

Тоа е петта вакцина со одобрение на СЗО, што ќе го забрза одобрувањето за употреба на оваа вакцина од страна на националните агенции задолжени за контрола на лекови, објави „Ројтерс“.

Маринела Симао, помошник генерален директор на СЗО, изјави дека е многу важно да има што повеќе одобрени вакцини со цел да се надминат одложувањата во испораките.

Индија, која е најголем производител на вакцини во светот, привремено го прекина извозот поради разгорувањето на епидемијата.

СЗО сè уште размислува дали да ги одобри кинеските вакцини „Синофарм“ и „Синовак“, а одлуката е најавена за следната недела.

Можете да прочитате

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад

Трамп го претстави специјалниот пасош со својот лик

Повеќе од 900 загинати и над 50.000 исчезнати во Венецуела