Утрински Весник
Свет

Макрон пред голем пораз – Марин Ле Пен со големи шанси за победа на изборите во Франција

Макрон пред голем пораз – Марин Ле Пен со големи шанси за победа на изборите во Франција

Француската десничарска лидерка Марин Ле Пен ги зголеми своите шанси за победа во првиот круг на претседателските избори закажани за 2022 година, покажуваат најновите анкети.

Како што објави весникот „Журнал де Диманш“, Ле Пен би имала големи шанси да победи во првиот круг од изборите доколку тие се одржеа денес.

Лидерката на Националниот фронт, според истражувањето спроведено од компанијата Ифоп-Фидусијал, би загубила во вториот круг од Емануел Макрон, кој би освоил 54 проценти од гласовите, додека таа би добила 46 проценти.

Заменик генералниот директор на Ифоп, Фредрик Даби, рече дека ваквите резултати ја одразуваат силната динамика на Ле Пен, како и тешкотиите што ги има претседателот Макрон во здравствената криза предизвикана од пандемијата.

Во моментов, бројот на смртни случаи предизвикани од коронавирусот во Франција достигна речиси 100.000.

Даби додаде дека Ле Пен никогаш порано немал толку добри резултати, особено ако се земе во предвид дека останува само една година до изборите. Од друга страна, поддршката за Макрон падна на 33 проценти претходно овој месец, според истражувањето објавено од компанијата Елаб.

Можете да прочитате

Ужас во Австралија: Воспитувач силувал 60 девојчиња, бакнувал и бебиња – Осуден е на доживотен затвор

Путин загрижен за безбедноста на Трамп: Се надевам дека ќе биде внимателен

Сибирски студ во Централна и Источна Турција со температури 20 степени под нулата