Утрински Весник
Македонија

Бочварски- Рустеми: Го рехабилитираме патот од Маврови Анови до Жировница, инвестиција од над 6 милиони евра

Бочварски- Рустеми: Го рехабилитираме патот од Маврови Анови до Жировница, инвестиција од над 6 милиони евра

Mинистерот за транспорт и врски Благој Бочварски при работната посета на општина Маврово истакна дека Владата инвестира преку 6 милиони евра за рехабилитација на регионалниот пат од Маврови Анови до Жировница, патна врска која е меѓу најоштетените и која е многу значајна за жителите на Маврово, Дебар и населените места.

Министерот заедно со директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми и заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи, извршија увид во рехабилитација на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар.

Патот е со должина од 18 километри, инвестицијата е во вредност од 6,1 милион евра, средства обезбедени од ЈП за државни патишта. Предвидена е целосна рехабилитација патниот правец и санација на осум мостови.

„ Маврово но и Реканскиот дел е многу значаен регион каде е потребно да го развивме туризмот од сите аспекти но истовремено и да ги подобриме условите за живот на граѓаните. Нашите залагања и примарен фокус е да обезбедиме подобри услови во патната инфраструктура, исто така и во делот на комуналната инфраструктура, она за што сме надлежни се со цел да го подигнеме нивото на услуги што ги нуди регионот. Покрај овој пат во годинашната програма на ЈП за државни патишта предвидена е изградба на регионален пат од Гарски мост до Извор, потоа реконструкција на патот од Гарски мост до Лазарополе како и реконструкција на транзитот ни Дебар”, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми најави динамичен план за рехабилитација на патниот правец.

„ Трасата на оваа делница всушност е продолжение на веќе рехабилитираната делница Бунец–Маврови Анови. Во наредниот период ќе се работи на еднослојна и двослојна надградба на сегменти од трасата каде што површинските оштетувања се поизразени, нова коловозна конструкција на делови од трасата каде што коловозот е во лоша состојба, предвидена е и санација на осум мостови, реконструкција, доградба и изведба на нови потпорни ѕидови, како и поставување на нова сигнализација” изјави Ејуп Рустеми директор на ЈП за државни патишта.

Бочварски потенцира дека во завршна фаза е изработката на проектите за изградба на пречистителна станица за Маврови Анови како и изградба на водоводен систем за населеното место Аџиевци.

Можете да прочитате

Уништување на македонското знаме предизвика бурни реакции во јавноста

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје