На 5 мај во Галерија МКЦ ќе се отвори изложбата „Носталгија“ на Иван Мегленов.
Изложбата „Носталгија“ e составена од серијал ситопечат графики, кои се интерпретација на спомените на авторот, артефакти од блиското минато чија функционалност е излишна или заборавена, но имаат оставено трага врз нас од голема емоционална вредност. Графиките ја прикажуваат емотивната врска со сеќавањата на детството и раната младост на авторот. Стилот на нивната изработка потсетува на едно убаво поминато време и буди носталгија за истото.
Иван Мегленов е роден во Скопје на 7 август 1996 година, дипломира на Факултетот за ликовни уметности во 2019 година на отсекот Графика, паралелно студирајќи на Академијата за визуелни уметности при Џолев и уметностите, каде што ја стекнува дипломата за „Најперспективен студент“. Денес е дел од тимот на Сеавус Едукативен и развоен центар, со 3 години работно искуство како графички дизајнер.
Изложбата ќе трае до 18 мај.
Текстот „Носталгија“ – изложба на графики од Иван Мегленов е превземен од МАКФАКС.