Утрински Весник
Македонија

ЕСМ: Од Тиквешкото Езеро се полнат каналите за наводнување на земјоделските површини

ЕСМ: Од Тиквешкото Езеро се полнат каналите за наводнување на земјоделските површини
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

ХЕЦ Тиквеш и Водостопанство Тиквеш почнаа со пуштање вода од Тиквешкото Езеро и полнење на каналите за наводнување.

Ситемот се подготвува за сезоната на наводнување и вегетацискиот период кој трае од април до октомври.

За таа цел во акумулацијата ги има потребните количини вода, односно истата во моментот се наоѓа на кота 245,55 мнв., додека граничната кота потребна за наводнување изнесува 242,5 мнв, информираат од Електрани на Северна Македонија (ЕСМ).

Од таму додаваат дека во изминатиот период со оптимално менаџирање на производниот процес на АД ЕСМ и со управувањето со ХЕЦ Тиквеш се обезбедило посакуваното ниво на акумулацијата за потребите на земјоделските површини во Тиквешијата, додека истовремено хидроцентралата Тиквеш успеала речиси во целост да го реализира планираното производство за овој период од годината, односно да произведе 50 GWh електрична енергија, што е 95% од планот за периодот јануари-април 2021.

Можете да прочитате

Над 160 наставници во 80-ина училишта обучени за настава на деца кои се на лекување

Тошковски: „Безбеден град“ директно придонесе да се намали бројот на повредени лица, наскоро информација и за казните

Новите станови остануваат со 5% данок до 2028 година