Утрински Весник
Политички Партии

Милошоски од Битола: Градоначалничката Петровска нема реализирано ниту 5 проценти од изборната програма

Милошоски од Битола: Градоначалничката Петровска нема реализирано ниту 5 проценти од изборната програма

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски денеска ги посети Битола и Оризари, каде им оддадеме почит на Бошко и неговите соборци кои, како што рече, пред 20 години ги положија своите животи за Македонија, за нејзината државност, самобитност, слобода.

„ Тоа што исто така сакам да го споменам е дека тука на ова место каде што Иницијативниот одбор од Оризари го направи ова спомен обележје, сметам дека во скора иднина со една подобра локална самоуправа може да биде и добар спортски рекреативен центар за жителите за оваа населба која што е голема населба.

Она што сакам да го истакнам дополнително по однос на Битола и локалните избори кои што доаѓаат, гледаме дека не е само Петре Шилегов тој кој што важи за мрзелив градоначалник, веројатно голема конкуренција може да му прави и градоначалничката Наташа Петровска за која што гледаме од самата Битола и населбите во околината дека нема остварено ниту 5 проценти од она што го ветуваше во пред изборната кампања“ рече Милошоски.

Тој нагласи дека битолчани ќе знаат како тоа да го оценат на следните локални избори, каде што според него има многу добро расположение со добар кандидат и реална програма опозицијата да направи сериозен резултат.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт