Утрински Весник
Магазин

Кендал Џенер зрачи со софистицираност

Кендал Џенер зрачи со софистицираност

Кендал Џенер изгледа прекрасно во сиво, кога беше забележана од папараците како оди на вечера во Њујорк во вторникот.

Иако 25-годишната манекенка се реши за класичен елегантен стил, таа сепак изгледа секси како и секогаш, коментираат таблоидите.

Девојката од насловните страници која многумина ја нарекуваат модна икона на новото време, на себе има панталони со висок струк, со проѕирен горен дел, зад сјаен кожен ремен.

 

Иако потекнува од семејство каде најчесто славата се добива со разголени фотографии, несоодветни видеа, и реалити-шоуа, полусестрата на Ким Кардашијан, Кендал, е сосема поинаква од останатите членови на семејството Кардашијан.

Таа пред неколку години ја симна Жизел Бундшен од тронот на најплатена манекенка. Во 2017 година, после повеќегодишно водство на листата на најплатени манекенки на „Форбс“, Бразилката Жизел Бундшен беше симната од тронот од страна на Кендел Џенер, селебрити-модел и нова миленичка на дизајнерите.

 

Можете да прочитате

Кокаин пронајден кај големи бели ајкули на Бахамите

Научници дојдоа до неверојатни откритија: Човечкото тело како биолошки извор на светлина

Потребни се најмалку шест месеци за значително подобрување на липидниот статус