Утрински Весник
Свет

Европскиот парламент го одобри трговскиот договор помеѓу Велика Британија и Европската Унија

Европскиот парламент го одобри трговскиот договор помеѓу Велика Британија и Европската Унија

Европскиот парламент со големо мнозинство го одобри трговскиот договор помеѓу Велика Британија и Европската Унија за Брегзит, отстранувајќи ја последната пречка за целосна ратификација на договорот.

Пратениците на ЕУ го поддржаа договорот за трговија и соработка со 660 гласа „за“, пет „против“ и 32 воздржани, објави „Ројтерс“.

Гласањето се одржа во вторникот, но поради ковид-мерките за ограничување на работното време, резултатот не беше веднаш познат.

Со одлуката на Европскиот парламент се завршуваат четиригодишните тешки преговори и полемики, како и долготрајната меѓусебна недоверба откако Велика Британија го заврши 47-годишното членство во ЕУ.

Утрово, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ја поздрави одлуката на Европскиот парламент, истакнувајќи дека спроведувањето на трговскиот договор меѓу Велика Британија и ЕУ е од клучно значење.

„Договорот за трговија и соработка е основа за силно и блиско партнерство со Обединетото Кралство“, напиша на „Твитер“, фон дер Лајен и додаде дека „неговото доследно спроведување е од суштинско значење“, пренесе британската агенција.

Можете да прочитате

Во Франција, контролорите на летање ќе бидат биометриски регистрирани на работното место

Во Брисел, големи демонстрации во знак на поддршка на Палестинците

Анкета: Работниците бараат помалку работни часови, проблемот е во работните процеси