Утрински Весник
Свет

Романија: Одлуката за протерување на рускиот дипломат не е дел од кампања

Романија: Одлуката за протерување на рускиот дипломат не е дел од кампања

Одлуката за протерување на заменик-воениот аташе во Руската амбасада во Букурешт од Романија нема никаква врска со она што се случува во другите земји на ЕУ.

Романскиот премиер Флорин Каку изјави денеска дека таа одлука не е дел од ниту една кампања.

„Јас не би ја поврзал одлуката за протерување на заменик-воениот аташе на Русија со кампања или реакција на солидарност со она што се случува во другите земји“, рече Кацу, објави романската агенција „Аџерпрес“.

Тоа го рече за ТВР 1 како одговор на прашањето дали Романија им се придружи на земјите кои реагираа на постапките на Русија.

Романските власти одлучија да го прогласат Алексеј Гришаев, заменик-воен аташе во Руската амбасада во Букурешт, за персона нон грата на романско тло, бидејќи неговите активности и дејства се спротивни на одредбите од Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961 година, соопшти романското Министерство за надворешни работи.

Одлуката и беше соопштена на руската амбасада во понеделникот, кога од амбасадорот на Руската Федерација во Букурешт, Валериј Кузмин, беше побарано да се јави во романското Министерство за надворешни работи.

Можете да прочитате

Захарова: Гаѓаме само воени цели, украинската ПВО погодува цивилни објекти

Израел ја нападна Сана додека лидерот на Хутите држеше говор

Русија го поздрави апсењето на Украинец за експлозиите на Северен тек