Утрински Весник
Магазин

Зак Ефрон не може да најде купувач за куќата во Лос Анџелес

Зак Ефрон не може да најде купувач за куќата во Лос Анџелес
Dik 300x250 mk

Актерот Зак Ефрон, sвездата на серијата High School Musical, ја намали цената на неговиот дом во Лос Анџелес за 225,000 долари откако не доби понуда четири месеци откако ја објави на пазарот на недвижности.

33-годишниот актер живее во Австралија од август кога снимаше филм таму, а во декември ја наведе куќата за продажба по цена од 5,9 милиони долари.

Sвездата на Baywatch сега ја намали цената на 5,575 милиони долари, според „Њујорк Пост“.

 

Ефрон ја купил куќата во 2013 година за 4 милиони долари. Тој очигледно повеќе нема потреба од неа бидејќи планира да остане во Австралија.

Можете да прочитате

„Гугл“ привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

Седмо издание на „Андерфест“ – рок енергија што расте секоја година

Ако сте имале токсични родители, нема да ги паметите овие работи од вашето детство