Утрински Весник
Свет

Ердоган воведе целосно затворање на Турција

Ердоган воведе целосно затворање на Турција
Dik 300x250 mk

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган воведе „целосно затворање“ на национално ниво до 17 мај.

Ова ќе вклучува континуирано заклучување, затворање на училишта и ограничувања на патување на долги растојанија за да се спречи наглиот пораст на случаи со коронавирус и смртни случаи.

По состанокот на владата, Ердоган рече дека за сите меѓуградски патувања е потребно одобрување од властите и дека сите училишта ќе ја прекинат наставата во живо, пренесува „Ројтерс“.

Според него, производството и секторот за храна ќе бидат изземени од новите ограничувања. Дневниот број на случаи треба да падне под 5.000 до крајот на исламскиот свет месец рамазан, додаде турскиот претседател.

Бројот на дневни случаи во Турција достигна над 63.000 на 16 април, пред да падне нагло под 39.000 во неделата, додека дневната бројка на смртни случаи остана над 300 во текот на изминатата недела.

Можете да прочитате

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

Над 30 повредени откако бил испуштен иритирачки гас во германско училиште

СЗО ќе вакцинира 44.000 деца во Појасот Газа