Утрински Весник
Македонија

Заев, Груби и Филипче на средба со поглаварите на МПЦ и ИВЗ

Заев, Груби и Филипче на средба со поглаварите на МПЦ и ИВЗ

Претседателот на Владата, Зоран Заев, заедно со првиот-заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, министерот за здравство, Венко Филипче и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи, Даријан Сотировски, се сретна со поглаварите на верските заедници во земјава – на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан и на Исламската верска заедница, Реисул Улема хаџи Шаќир ефенди Фетаи.

На состанокот е констатирано дека преземените мерки за заштита на јавното здравје дадоа резултати, што го покажува намалувањето на бројот на заболени лица и на граѓани кои имаат потреба да бидат згрижени во болниците, со што се создаваат и можности за поспокојно одбележување на верските празници Велигден и Рамазан Бајрам.

Изразен е заеднички став дека ваквата ситуација не значи и опуштање, поради што Владата и верските лидери на МПЦ-ОА и на ИВЗ апелираат до сите граѓани и понатаму да ги почитуваат мерките за заштита, затоа што од тоа ќе зависи и дали ќе има нови олабавувања на мерките и на полицискиот час.

Владата и поглаварите на МПЦ-ОА и на ИВЗ, во пресрет на одбележувањето на верските празници, заеднички укажуваат дека од голема важност е дисциплината и индивидуалната одговорност на верниците и на граѓаните, во делот на почитувањето на важечките протоколи, како што се носењето маска на отворен и затворен простор, држење дистанца, негрупирање, присуството во внатрешноста на верските објекти да не е поголемо од 30-процентна исполнетост на капацитетот.

Премиерот Заев и претставниците на Владата се заблагодарија на поглаварот Стефан и на реисот Сулејман Реџепи за придонесот во справувањето со пандемијата.

Можете да прочитате

Кривична пријава против вработена во СВР Скопје за сторено кривично дело „измама” 

Земјоделците да ги заштитат посевите, повремените врнежи погодни за појава на плевели, болести и штетници

Костадиновска-Стојчевска по повод 18 Мај: Музеите имаат заштитничка улога за нашата историја, култура и идентитет