Утрински Весник
Свет

(Видео) Снимка од страотна сообраќајка во Загреб: „Ауди“ удри во паркирани возила и се преврте, пешаците едвај спасија глава

(Видео) Снимка од страотна сообраќајка во Загреб: „Ауди“ удри во паркирани возила и се преврте, пешаците едвај спасија глава

Колку среќа може да има во сообраќајна несреќа може да се види во застрашувачката снимка од страшната несреќа на возач на „Ауди“ во Загреб, кој изгуби контрола над возилото и со полна брзина удри во паркирани возила на тротоарот покрај кој имаше и пешаци. Според информациите, за голема среќа, никој не е повреден.

Ужасниот инцидент го снимиле улични камери, а видеото покажува како „аудито“ лета близу двајца пешаци.

View this post on Instagram

A post shared by Jutarnji.hr (@jutarnji.hr)

Едниот пешак на тротоарот го спасија паркираните возила кои беа удрени од „аудито“, додека другиот во последен момент успеа да ја избегне трагедијата.

Засега не е познато во каква состојба е возачот на „аудито“ и која е причината за несреќата.

Можете да прочитате

Масовен протест во Киев против новиот закон за статус на исчезнатите војници

Администрацијата на Трамп воведува ново правило за аплицирање за „Зелена карта“

Најмалку 90 лица загинаа при експлозија во рудник за јаглен во северна Кина