Утрински Весник
Македонија

Вработени од Бирото за метрологија незаконски дале согласност за регистрација на возило

Kola 2 650x350
Dik 300x250 mk

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.О.(39) и И.Т.(53), двајцата од Скопје, вработени во Биро за метрологија – Скопје.
Пријавените, неовластено издале одобрение за единечно товарно моторно возило „Мерцедес“, сопственост на правно лице од Охрид, иако знаеле дека истото не ги исполнувало условите за такво одобрение, со што, му овозможиле на сопственикот да се стекне со материјална корист и да изврши регистрирање на возило кое според законот за возила не можело да се регистрира.
Поради изминат рок на важност на возачки и сообраќајни документи од шест или повеќе месеци, полициската станица за безбедност на патиштата во сообраќајот Охрид, во периодот од 26 декември 2020 година до 22 април 2021 година, има одземено 16 возила од кои, 15 за непродолжена важност на сообраќајна дозвола-нерегистрирани подолго од 6 месеци и 1 за проверка на техничка исправност.

 

Можете да прочитате

Средба Мицкоски – Страмер: Разговарано за продлабочување на билатералната соработка

Мицкоски во Лондон се сретна со Пленковиќ и со Одил Рено-Басо

Под истрага 12 лица осомничени за лихварство и перење пари