Во интервју за швајцарскиот дневен весник „Ноје Цирихер Цајтунг“, Курц рече дека ЕУ неодамна изгуби голема конкурентност.
„Нашите претходни пазари сега веќе стануваат наши конкуренти. ЕУ функционира, во некои области, премногу бирократски“, објасни тој.
Со цел ЕУ да остане конкурентна, смета Курц, потребни се побрзи процеси и помалку бирократија.
На прашањето дали се гледа себеси како „чудо“ или како „Орбан лајт“, Курц рече дека ниту еден од тие описи не одговара, и дека тој никогаш не бил „чудо“.
„Во демократија, сосема е нормално да имате поддржувачи и противници. Колку се појасни вашите сопствени убедувања, толку повеќе се соочувате со отпор”, објасни Курц.
Тој рече дека неговиот главен приоритет е Австрија да остане конкурентна како економска земја што привлекува инвеститори, граѓаните да имаат работа и даночното оптоварување постепено да се намалува.
Спроведувањето на еколошка трансформација без уништување на работните места, вели тој, е клучен предизвик.
Кога станува збор за миграцијата, Курц рече дека неговиот став е дека успехот на интеграцијата зависи од бројот на луѓе кои треба да се интегрираат.
„Во 2015 година, многу политичари промовираа политика на добредојде и на отворени граници, а денес ЕУ инвестира во заштита на границите и се повеќе и повеќе одлучно се бори против шверцерите на луѓе“, нагласи Курц.