Утрински Весник
Македонија

Филипче ја прекина прес-конференцијата и му помогна на човекот кој побара помош од него

Tfgrrthr

Прес-конференцијата на министерот за здравство Венко Филипче  и неговиот заменик Илир Хасани за момент беше прекината од случаен посетител во близина на салата Борис Трајковски кој замоли за помош за тешко болен пациент.

-Го извадивме од дома не може повеќе да чекаме, дали овој човек може да го оствари правото за да биде примен во болница, го праша министерот случајниот минувач кој побара помош од двајцата доктори.

-Однеси го веднаш на трауматологија и јас ќе дојдам таму, рече министерот Филипче, кој лично го праша пациентот колку време е во инвалидска количка и дали се чувствува добро.

Можете да прочитате

Ангелов: Најкомплексен за гасење е пожарот којшто сега гори на планината Китка, во моментов пет активни пожари

Кога ПР-от е поважен од фактите: ЦУК со фотографија од Калифорнија се пофали за спасено теле

Клековски: Досега потврдени вкупно 44 случаи на западнонилска треска, отпуштени од Клиниката 21 пациент