Утрински Весник
Македонија

Спасовски: Интерпелацијата е чудна, системот на вредности на опозицијата е изместен

Спасовски: Интерпелацијата е чудна, системот на вредности на опозицијата е изместен

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во врска со интерпелацијата за неговата работа што беше поднесена во Собранието рече дека таа претставува реален приказ на изместениот систем на вредности на опозицијата

Спасовски, на почетокот на своето обраќање пред пратениците оцени дека интерпелацијата е чудна бидејќи се однесува на настаните поврзани со ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков кој е во затвор.

„Името на Мијалков се плашевте да му го спомнете со години наназад, а сега гледаме како се зголемува бројот на години што ќе треба да ги одлежи. Каква иронија – идолот и идеологот на ВМРО-ДПМНЕ Сашо Мијалков е во затвор, а опозицијата поднесува интерпелација за министерот за внатрешни работи?! Оваа интерпелација, во суштина,претставува реален приказ на изместениот систем на вредности на опозицијата, и затоа е, во најмала рака, чудна“, рече Спасовски.

Во обраќањето тој посочи и дека само од почетокот на годината до средината на април запленети се околу 850 килограми дрога, намален е бројот на обиди за илегални преминувања за повеќе од 30 проценти, а сузбиени се и две криминални групи.

„Активно се постапува по 7 оперативни акции, во скоро сите сегменти е очигледно подобрувањето, за 9.5% е намален вкупен криминалитет“, додаде Спасовски.

Интерпелацијата за работата на министерот Спасовски ја поднесе Алијанса за Албанците, а кон се приклучи и ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Дали од 29 Ноември Балканот ќе го зафати нов студен и снежен бран?!

Филипче: СДСМ не е лична сопственост ниту на Бранко, ниту на Заев, а најмалку моја

Филипче: Ароганцијата ќе ја закопаме длабоко под земја