Утрински Весник
Свет

Џонсон повеќе би сакал купишта мртви отколку да воведе блокада, според британски таблоид

Џонсон: Го осудивме убиството на Кашоги, повикуваме на истрага

Британскиот министер за одбрана ги демантира написите во медиумите дека премиерот Борис Џонсон изјавил дека повеќе би сакал да види трупање на илјадници тела отколку да нареди трет општ карантин на државно ниво.

Џонсон се соочува со голем број обвинувања во медиумите, од лошото управување со пандемијата на коронавирус до прашањето кој го финансирал реновирањето на неговата официјална резиденција, пишува „Ројтерс“.

„Дејли мејл“, повикувајќи се на неименувани извори, напиша дека британскиот премиер во октомври, кратко време откако се согласи на втор општ карантин, на состанокот во Даунинг стрит рекол дека повеќе не сака е **** затворање, нека се натрупуваат илјадници тела.

Секретарот за одбрана Бен Валас за „Скај њуз“ изјави дека тоа не е точно и дека тоа буквално сите го отфрлиле, додавајќи дека Џонсон бил фокусиран на одговор на пандемијата.

„Влеговме во еден вид комичен период со сите овие озборувања. Знаете, неименувани извори на неименувани советници зборуваат за неименувани настани. Ништо од ова не е сериозно”, нагласи Валас.

Велика Британија е петта во светот по бројот на смртни случаи од Ковид-19, 127.681, зад САД, Бразил, Мексико и Индија, покажуваат податоците на Универзитетот „Џонс Хопкинс“.

Џонсон нареди трет генерален карантин во јануари, иако некои критичари велат дека тоа можело да се избегне доколку порано попуштил под притисокот на некои министри кои барале построг втор карантин.

Можете да прочитате

Папата Франциск ја нарече „драматична и жална“ ситуацијата во Газа

Добитник освоил џекпот од 112 милиони долари на лотарија во САД

Афера го тресе Пентагон, клучен советник буквално истеран од зградата