Утрински Весник
Магазин

Клои Жао влегува во историјата со победата на „Оскарите“

Клои Жао влегува во историјата со победата на „Оскарите“

Клои Жао влезе во историјата кога во неделата (25 април) освои награда за најдоба режија на доделувањето „Оскари“.

Кинеската режисерка стана првата жена од Азија и само втора жена што некогаш се закитила со најпрестижната награда за најдобра режија благодарение на нејзината работа на „Земја на номади“, и откако им оддаде почит на нејзините номинирани колеги – Дејвид Финчер („Менк“), Емералд Фенел („Надежна млада жена“), Ли Исак Чунг („Минари“) и Томас Винтерберг („Уште една тура“), им се заблагодари на сите што работеа на филмот.

„Ви благодарам, на Академијата, на моите брилијантни, брилијантни номинирани колеги. Целата моја екипа од Nomadland, какво лудо патување поминавме сите заедно – патување што се случува еднаш во животот, ви благодарам многу, јас многу сум ви благодарна,“ рече Жао во својот говор.

Клои се осврна на лекција што ја научила во детството и останала со неа во текот на нејзиниот живот.

„Кога растев во Кина, татко ми и јас ја игравме оваа игра и запомнувавме класични песни и текстови. Ги рецитиравме заедно и пробувавме да ги довршуваме речениците еден на друг.“

„Велат дека луѓето од раѓање се добри по природа, и тоа имаше големо влијание врз мене кога бев дете и верувам во тоа и денес. Иако се чини спротивното, јас секогаш наоѓам добрина за луѓето што ги среќавам, така што ова е за секој што има вера и храброст да се залага за добрината во себе и во другите.“

„Ова е за вас, вие ме инспирирате и ме мотивирате да продолжам , затоа ви благодарам.“

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста