Утрински Весник
Спорт

Рекорд на Стеф Кари

Рекорд на Стеф Кари

Голден стејт Вориорс славеа победа во дуелот со Сакраменто Кингс (117:113) и останаа во трката за место во плејофот. Стеф Кари, на овој натпревар, стана играч со најмногу постигнати тројки во еден месец, во НБА лигата.

Најдобриот играч на Вориорс и за многумина најдобриот шутер во историјата на лигата, против Сакраменто постигна 37 поени, во текот на натпреварот постигна седум тројки од 14 обиди.

Од почетокот на месецот, Кари, постигнал 85 тројки. На четири натпревари, постигнал најмалку по 10 тројки.

Овој месец Кари има просек од 38,2 поени.



> Рекорд на Стеф Кари <

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова ги прими ракометарите кои на 27. Светско првенство во ракомет за средношколци постигнаа историски успех

Одлуката за преминување на „V8“ мотори во Формула 1 е веќе донесена

7-ми ден од СП: Хрватска и Англија во центарот на вниманието