Утрински Весник
Свет

Индонезија: Пронајдени остатоци од подморницaта, нема преживеани

Индонезија: Пронајдени остатоци од подморницaта, нема преживеани

Командантот на индонезиското воено воздухопловство, маршалот Хади Чахјанто, денес потврди дека се пронајдени делови од исчезнатата подморница и потврди дека никој од 53-те членови на екипажот не преживеал.

Маршалот Чахјанто рече дека тимовите за пребарување добиле визуелна потврда за пронајдени делови на подморницата „КРИ Нанггала 402“, а тоа се задниот вертикално кормило, сидрото и страните.

“Врз основа на автентични докази, потврдено е дека „КРИ Нангала 402“ потонал и дека сите членови на екипажот загинале. Како командант, со длабока тага изјавувам дека се загинати сите 53 члена на „КРИ Нангала 402”, рече Чахјанто на прес-конференција на Бали и потврди дека подморницата е поделена на три дела и дека се верува дека екипажот останал без кислород пренесува АП.

Според зборовите на адмиралот на индонезиската морнарица, Џибудо Маргоно, подводен трагач на роботи го открил остатокот од подморницата на длабочина од 838 метри.

Индонезиската војска во средата соопшти дека побарала помош од Сингапур и Австралија во потрагата по подморницата, откако контактот со екипажот бил изгубен околу три наутро во близина на брегот на Бали.

Оттогаш, барем 25 индонезиски брода се вклучија во потрагата по подморницата, беа распоредени бродови од други земји, а брод за поддршка и спасување на подморницата пристигна рано наутро и се вклучи во потрагата.

Можете да прочитате

Трамп го нарече Маск „голем зависник од дрога“

Колумбискиот претседателски кандидат Мигел Урибе успешно опериран по атентатот врз него

Претседателскиот кандидат во Колумбија застрелан за време на кампања: Атентаторот му пукал во глава