Утрински Весник
Свет

Премиерот на Ерменија поднесе оставка, предвремени парламентарни избори на 20 јуни

Премиерот на Ерменија поднесе оставка, предвремени парламентарни избори на 20 јуни

Никол Пашинијан, премиерот на Ерменија, преку телевизиско обраќање објави дека поднесува оставка со цел да се одржат предвремени парламентарни избори во земјата.

„Оставка поднесувам денес со цел да се одржат предвремени парламентарни избори на 20 јуни“, рече Пашинијан, пренесува РИА Новости.

Пашијан претходно најави дека предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 20 јуни и дека во април формално ќе поднесе оставка, со цел да се започне механизмот за распуштање на парламентот, но дека ќе ја предводи владата до изборите.

Според ерменскиот закон, предвремените парламентарни избори се одржуваат не порано од 30 и не подоцна од 45 дена по распуштањето на парламентот.

Механизмот за распуштање на собранието може формално да се иницира по оставката.

Можете да прочитате

Трамп не му дозволил на Израел да го убие иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи

Израелците погодиле ирански Боинг од оддалеченост од 2250 километри

Иран побара од Ирак да го затвори воздушниот простор за воените авиони на Израел