Утрински Весник
Македонија

(Видео) Петрушевски: Управата за матични книги потрошила милион и пол евра на сомнителни тендери

(Видео) Петрушевски: Управата за матични книги потрошила милион и пол евра на сомнителни тендери
Dik 300x250 mk

Во ист ден кога Управата за матични книги склучила половина милионски договор со новоформираната фирма „Новатек Инв“, склучила и договор за набавка на софтвер од 11,5 милиони денари, односно околу 200 илјади евра со фирмата „Аукта“, обвини денеска на прес-конференција, Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што нагласи тој, исто како и во случајот со „Новатек Инв“, така и кај „Аукта“ се работи за релативно нова фирма, која е единствен понудувач на огласот и цената на која е склучен договорот слична со проценетата вредност на договорот.

„Во огласот кој го добива ‘Аукта’ покрај најниската цена е ставен и критериумот број на квалитетна изведба. Истата оваа компанија го добила и тендерот во 2019-та година, но тогаш вториот услов не постоел. Тој тендер во 2019-та година и бил и прв тендер кој го добила, откако била формирана, а е за дигитализација на матичните книги во висина од околу 110.000 евра“, посочи претставникот на опозициската партија.

Петрушевски рече дека во 2020, во март, „Аукта“ повторно склучила ист договор со Управата во висина од 357 илјади евра.

„Со ова за софтвер, хардвер и дигитализација Управата за матични книги потрошила вкупно 1,5 милион евра за две години, и тендерите ги добивале фирми кои се формирани непосредно пред објавување на огласите, односно чиј прв тендер бил токму тој добиен од Управата“, кажа пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, кој ги повика надлежните веднаш да отворат случај во однос на овие набавки.

Можете да прочитате

Ужас во Скопје: Татко ја силувал малолетната ќерка

Мицкоски од Брисел: Ги повторивме нашите позиции за Македонија

Македонија и Бугарија ќе го потпишат Договорот за изградба на меѓуграничниот железнички тунел